Фудбалскиот агент Мино Раиола во тешка здравствена состојба – лекарите се борат за неговиот живот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Eден од најдобрите фудбалски агенти на денешницата и воопшто во историјата на фудбалот, 54-годишниот Мино Раиола се наоѓа во тешка состојба во миланската болница.

Раиола пред осум дена беше итно опериран во болницата „Сан Рафаеле“ и немаше многу информации за неговата состојба. Вечерва од Италија пристигнуваат вести дека 54-годишниот агент е во тешка состојба.

Според она што го пишуваат италијанските медиуми агентот се наоѓа во тешка состојба и е на интезивна нега додека докторите се борат за неговиот живот. Наводно проблемот на Раиола е со белите дробови.