Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ФИФА продолжува со фудбалската револуција!
Според последните најави, ФИФА има намера да го укине Купот на конфедерации, што значи дека Германија ќе остане последниот освојувач на ова натпреварување, а на негово место да стартува ново клупско натпреварување.
„Супер клупско светско првенство“, така би се викало ново натпреварување кое би стартувало од 2021 година и ќе се игра на секои четири години, пишува Спортски.мк.
Во ова натпреварување би учествувале дури 24 клубови, од кои половина од Европа.
Кои клубови би избориле настап?
Четирите последни освојувачи на Лигата на шампионите, четири последни финалисти од истото натпреварување и четирите клуба кои следат со најдобар коефициент.
Доколку натпреварувањето би се формирало во овој момент на него учество би добиле: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Баерн, ПСЖ, Севиља, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Бенфика, Арсенал и Порто.
Јужна Америка би добиле пет претставници, најверојатно четирите освојувачи на Копа Либертадорес и најдобриот јужноамерикански клуб според коефициентот. Тоа во овој момент би биле: Натиноал, Ривер, Сан Лоренцо, Атлетико Минеиро и Бока Јуниорс.
Африка, Азија и Северна Америка би имале по два претставници, а Океанија еден. Па така од тука учество би добиле Оукленд Сити, Пачуча, Клуб Америка, Урава, Џебоук, Вајдад и Мамелоди.
Првото вакво натпреварување би требало да се одигра во летото 2021 година.