Фудбалот повеќе нема да биде ист, падна „законот на Босман“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ласана Дијара по две години го заврши судскиот процес, а судот пресуди во корист на играчот на кого ФИФА и Фудбалскиот сојуз на Белгија сега му должат како обесштетување шест милиони евра. Но многу поважно од тоа е што со оваа пресуда „падна“ прочуениот „закон на Босман“ стар две децении.

Ласана Дијара пред судот во Шарлроа ги тужеше ФИФА и ФС на Белгија бидејќи не му дозволија да го раскине договорот со Локомотив Москва и да се пресели во Шарлроа. Францускиот репрезентативец пред две години имаше важечки договор со Локомотив, но клубот на штета на играчот сакаше да го смени договорот.

Кога играчот не ги прифатил условите започнаа и проблемите, тој беше отстранет од екипата и беше испратен да тренира со вториот тим.

Дијара реши да си замине од Локомотив и започна преговори со Шарлроа. Меѓутоа ФИФА и ФС на Белгија тогаш решија дека Дијара не го почитува актуелниот договор и дека доколку сака да си замине ќе мора да исплати 10 милиони евра, поради предвремен раскин на договорот.

Шарлроа немаше пари да го плати обештетувањето поради што се повлече од преговорите со Дијара, но играчот не сакаше да попушти и летото 2015 година се сели во Марсеј.

Две години подоцна судот во Шарлроа пресуди дека ФИФА и ФС на Белгија со своите одлуки ги прекршиле прописите на Европската унија за слободата на движењето на работниците и утврдил дека изборот на фудбалерот за кој клуб ќе настапува треба да биде пред „законот на Босман“. Овој закон пред две децении направи вистинска револиција во фудбалот бидејќи на играчите им дозволува по истекот на договорот да можат да одат во друг клуб без обесштетување.

Слично како и „законот на Босман“ и оваа пресуда може да предизвика тектонски пореметувања во фудбалскиот свет, односно да предизвика многу добри работи за фудбалерите и не толку добри за клубовите.

ФИФПро од минатата година започна акција чиј краен исход треба да биде оспорување на трансфер системот. Идејата на оваа акција е фудбалерите во било кој период од годината да можат да го сменат клубот без да се соочат со некакви последици.

Уште една важна работа стои во пресудата на судот од Шарлроа. Судот утврди дека фудбалерите своите спорови со клубовите и ФИФА ќе можат да ги решаваат пред граѓанските судови и дека Спортскиот суд во Лозана треба да биде крајна инстанца, а неговите одлуки обврзувачки доколку фудбалерот однапред потпише согласност.