Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес, на 75-годишна возраст, почина некогашниот напаѓач на Баерн и германската репрезентација, фудбалскиот великан Герд Милер.
Причината за смртта не е објавена, а Милер во последните години страдаше од Алцхајмерова болест.
Милер беше светски шампион и европски шампион, трикратен победник на Купот на европските шампиони (сегашна Лига на шампиони), четирикратен шампион и победник на Купот на Германија.
Има постигнато 566 гола на 607 настапи за Баерн Минхен, како и 68 голови во 62 репрезентативни натпревари.