Фудбалот од денес е посиромашен: Збогум МАЕСТРО!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалскиот генијалец Андреа Пирло синоќа го одигра последниот меч во кариерата. Влезе во игра во самиот финиш, стадионот се крена на нозе и фудбалскиот „Моцарт“ замина во историја.

Неговата последна сезона во МЛС лигата беше полна со повреди и мачење, па на крајот одигра само 15 натпревари вкупно, па реши да му каже збогум на фудбалот.

Пирло е еден од најдобрите фудбалери во последните две децении и плејмејкер каков што оваа игра ретко имала. Во своите 10 години во Милан освои се што можеше да се освои, потоа премина во Јувентус и ја промени историјата на „старата дама“.

Во 2006 година беше еден од најзаслужните за освојување на Светската титула со Италија и ќе остане споменик на фудбалот.

Збогум Маестро, беше чест да те гледаме!