Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Монако, Килијан Мбапе е новата ѕвезда на светскиот фудбал, а од синоќа е и рекордор во Лигата на шампионите, откако блесна во дуелот против Борусија во Дортмунд.
Младиот Французин постигна два гола во четвртфиналето и стана најмладиот фудбалер во историјата на кого му успеало тоа, со само 18 години и 113 дена.
Освен тоа, Мбапе е втор најмлад стрелец во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите бидејќи пред него остана Бојан Кркиќ со 17 години и седум месеци откако тој погоди на 1 април 2008 година против Шалке.
Мбапе дебитираше во дресот на Монако минатата сезона, но оваа го покажа сиот свој раскошен талент и досега веќе има 21 гол во сите натпреварувања иако уште е тинејџер.