Фудбалот е повеќе од спорт: Шестгодишно дете ги продава сите играчки за да оди на Суперкласико!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двата аргентински гиганти Боја Јуниорс и Ривер Плата за прв пат во исторјата играат финале во Копа Либертадорес, па во Аргентина буквално владее „хаос“ во исчекување на реваншот.

Едно мало 6 годишно момче, кое е голем навивач на Ривер смисли оригинален начин како да стигне до Монументал.

Малиот Ренцо живее во Парана, провинција оддалечена 500 километри од Буенос Аирес, и има голема желба да оди на „Монументал“, но неговата финансиска ситуација не му дозволува.

Поради тоа тој се реши пред својот дом да го продава сите свои играчки и да собере пари за една цел – пат до „Монументал“.

„Решив да си ги продадам играчите, за да одам на Монументал“, стои на натписот каде момчето има импровизирана тезга.

Малиот Ренцо тешко дека ќе собере пари за да оди на Суперкласико бидејќи билетите се распродадени, а на црно се продаваат по 7.000 евра.

Меѓутоа, тој стана главна атракција на интернет, па една навивачка група на Ривер собра пари и ќе му плати пат, сместување и билети за него и неговата мајка за мечот Ривер – Гимназија кој се игра на 3-ти декември на „Монументал“.