Фудбалерот Кавало јавно откри дека е хомосексуалец – следеше лавина од реакции од кои „најгласно одекна“ онаа на Ибрахимовиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако фудбалерот на Аделаид Јунајтед, Џош Каваљо, во емотивно видео јавно објави дека е хомосексуалец, од светот на фудбалот пристигнаа огромен број пораки за поддршка на негова адреса и неговата изјава предизвика голем број позитивни реакции.

Џош пиша дека е спремен да зборува за нешто лично за кое конечно се чувствува комотно да зборува.

„Јас сум фудбалер и хомосексуалец“, изјави фудбалерот во видеото додавајќи: „Сè што сакам е да играм фудбал и да бидам рамноправно третиран“. Џош истакна дека е уморен од обидите да се однесува адекватно и да живее двоен живот, бидејќи тоа е исцрпувачки.

Први со поддршка за него се огласија Жерар Пике и Антоан Гризман, по што следеше лавина од реакции, меѓу кои се огласија Баерн Минхен, Манчестер Сити, Барселона, Ливерпул, Арсенал и еден куп фудбалери.

Но, „најгласно одекна“ пораката со поддршка која ја испрати Златан Ибрахимовиќ, кој беше краток и јасен.

„Ти си шампион. Фудбалот е за сите. Голема почит“, напиша Ибра, а покрај него се огласија со поддршка и легендарниот стопер Рио Фердинанд и сегашниот дефанзивец на Црвените Ѓаволи, Рафаел Варан.

После сето ова, Џош се огласи со благодарност до сите за пораките и поддршката.

„Сето ова е како сон. Не ми изгледа стварно. Многу долго чекав на овој момент. Неколку пати го сонував ова, но никогаш не помислив дека ќе стане реалност. Воодушевен сум од поддршката која ја добив“, порача Кавало.