Фудбалерите на Хондурас буквално премрзнаа во САД (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на САД славеа против репрезентацијата на Хондурас со 3:0, но начин кој предизвика многу контроверзии во јавноста. Овој натпревар се играше на -17 степени, а Хондурас е селекција која доаѓа од топлите краишта.

Додека се играл натпреварот дувал силен ветер, па било и постудено. Колку репрезентативците на Хондурас имале проблем покажува тоа што двајца фудбалери на гостите, голманот и уште еден играч морале да бидат заменети на полувреме затоа што покажувале знаци на хипотермија (премрзнатост).

Фудбалерите и судиите имале дозвола да носат заштитни капи и дополнителна опрема под дресовите, но тоа не помонало. Селекторот на Хондурас, Дарио Гомес по мечот изрази револт затоа што се дозволило мечот воопшто да се игра.