Фудбалерите на Аргентина бараат смена на Сампаоли ВЕДНАШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Аргентина, веднаш по срамниот натпревар против Хрватска, фудбалерите одржале итен состанок на кој донеле одлука да побараат од Фудбалскиот сојуз на Аргентина отказ за нивниот тренер Хорхе Сампаоли.

Хорхе Сампаоли е посочен за директен виновник за лошите резултати на „гаучосите“ на Светското првенство, а после синоќешниот пораз од Хрватска раздорот во репрезентацијата стана евидентен.

Наводно играчите не биле задоволни од работата и визијата на селекторот и побарале да биде разрешен ВЕДНАШ, пред последниот натпревар од групата против Нигерија.

Аргентина имаше и лоши квалификации за овој Мундијал и пласманот во Русија го обезбедија дури во последното коло, а сега се наоѓа пред елиминација.