Фудбалери, балетани и уметници: Кој е малиот клуб кој ја освои Европа!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тие играат балет, пишуваат книги и организираат ликовни изложби, а покрај тоа се и фудбалери на шведскиот прволигаш Остерсунд, најголемо изненадување во фудбалска Европа.

Пред само четири години Остерсунд играше во третата шведска лига, но денес овој мал клуб е една од најинтересните приказни во Европа.

Готово неверојатно звучи податокот дека Остерсунд во својата прва прологашка сезона избори пласман во Европа, и тоа како победник на националниот Куп, а потоа избори пласман во групната фаза од Лига Европа.

Остерсунд или ОФК како што го викаат во Шведска, мораше да помине три предкола и на тој пат го елиминира турскиот гигнат Галатсарај, а потоа и грчи ПАОК. Во шест натпревари од квалификациите Швеѓаните запишаа 4 победи едно реми и само еден пораз.

Жребот ги смести со Атлетик Билбао, Херта и Зорија, па експертите сметаа дека шпанскиот и германскиот клуб нема да имаат проблеми. Меѓутоа, после првите две кола на чело на грпата се наоѓа Остерсунд со 6 бода и две победи.

Играчите на овој клуб не се обични фудбалери. Тие заедно пишуваат книги, организираат ликовни изложби, а го изведоа и Лебедовото езеро, балет на Чајковски. Организираат хуманитарни акции и им помагаат на бегалците.

„Многу од нив се исфрлени од други клубови. Се сметаше дека не се доволно добри. Меѓутоа, кога ги споивме, во опкружување како нашето станаа фантастични играчи во Европа“, изјави творецот на шведското „чудо“, Грахам Потер.

„Нашето европско патешествио засега оди одлично. Момците уживаат во секој настап и тоа е најважно. Мислам дека се уште не се свесни за успехот кој го постигнаа“, додаде малку познатиот англиски тренер.