Фудбалер од „Серија Ц“ – прв професионален спортист заразен од коронавирус во Италија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


22-годишен фудбалер кој настапува за фудбалскиот клуб Пјанезе, во италијанската „Серија Ц“, е заразен со коронавирусот, пренесе „Ла национе“.

Фудбалерот го пропушти натпреварот минатата недела, поради температура и општата слабост. После тоа, тој одлучи да биде во изолација. Тестот за коронавирус покажа позитивен резултат, играчот беше примен во болница и се наоѓа во добра состојба.

За потсетување, Италија е четврта држава во светот по бројот на заразени со коронавирусот. До денес 453 лица се разболеле, а 12 лица починале.