Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот француски клуб Бордо оваа сезона игра лошо и се наоѓа на последното место на табелата, па готово сигурно ќе се пресели во понизок ранг.
На лошите резултати се надоврза и најновиот скандал од соблекувалната, откако медиумите објавија дека фудбалер им ги крадел копачките на соиграчите, а потоа ги продавал на интернет.
Станува збор за млад фудбалер од клубот, но неговиот идентитет засега не се открива.
Фудбалерите на Бордо веќе извесно време забележувале дека им недостасуваат копачките, но не знаеле кој е крадецот. Сега се разочарани што крадецот не е суспендиран, туку е вратен во тимот.