Home Спорт Фудбалер на Шалке исфрлен од тимот бидејќи… не отишол на стоматолог

Фудбалер на Шалке исфрлен од тимот бидејќи… не отишол на стоматолог

Кршењето на дисциплината обично клубовите го казнуваат со кратење од платите на своите фудбалери, но Шалке отиде чекор понатаму.

Мароканскиот репрезентативец Хамза Мендил е префрлен во Б тимот на Шалке откако не отишол на стоматолог на закажаниот преглед, пренесуваат германските медиуми.

Клубот од Гелзенкирхен го казни мароканскиот репрезентативец кој минатата сезона пристигна од Лил како големо засилување затоа што истиот не се појавил на закажан преглед кај стоматолог.

Мендил не известил никого за тоа дека ќе го прескокне прегледот, а тоа толку ги налутило челниците на Шалке што веднаш го префрлиле во вториот тим.

Од Шалке порачаа дека ваквото однесување е неприфатливо и поради тоа е казнет да тренира со резервите.

Овој 21-годишен лев бек оваа сезона во сите натпреварувања запиша вкупно 16 настапи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…