Фудбалер на Лион ја заврши кариерата на 25 години!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Некогашниот капитен на младата француска репрезентација и член на Лион, Геид Фофана мораше да ја заврши кариерата иако има само 25 години.

Фофана немаше среќа со повредите, чувствува неверојатна болка на секој натпревар и лекарите му советуваа да заврши со активното играње фудбал.

Фофана е играч за врска, во Лион пристигна во 2011 година од Авр како еден од најталентираните француски фудбалери и како капитен на младата француска репрезентација.

Во Авр играше заедно со Погба и експертите му предвидуваа блескава кариера. Фофана беше стандарден во Лион од 2011 до 2014 година, но потоа започнаа проблемите со повреди.