Фудбалер на Емполи за малку ќе го убиеа со камен


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Грозни сцени на фудбалските терени не се гледаат само на Балканот туку и на други многу подобро организирани првенства.

Една таква сцена беше ведена и во Италија на популарниот „Вијареџо Куп“ помаѓу младите екипи на Фиорентина и Емполи.

Фиорентина го доби натпреварот со 3:2, но резултатот остана во втор план. Имено, после мечот група од 40 фанови на „виолетовите“ го нападнаа гостинскиот тим, а најлошо помина десниот бек Алесио Џанески.

Младинецот беше удрен со голем камен по лицето и му остави огрмна рана под десното око.

Веднаш потоа Дисциплинската комисија соопшти дека на Фиорентина ќе и биде изречена казна од 3.000 евра. За време на натпреварот фановите на Фиорентина фрлаа и стаклени шишиња кон клупата на Емполи.