Фудбалер доби црвен картон поради своето презиме!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нова бизарна ситуација ни доаѓа од англиските ниски лиги, каде поранешниот играч на Арсенал, Санчез Ват (Watt), доби црвен картон во мечот меѓу шестолигашите Хемел Хемпстед и Ист Тарок, само поради своето презиме.

Судијата Дин Халм реши да му даде жолт картон на Ват, по што тој му го кажа своето име да го запише на картонот, а судијата помисли дека фудбалерот се потсмева со неговата одлука прашувајќи го зошто (what?).

„Тоа беше човечка грешка. Судијата беше доволно чесен да ја поправи. Потоа сите сфативме колку е смешна ситуацијата. Тој дојде во соблекувалната и ни се извини, иако ја забележа и смешната страна“, изјави претседателот на Хемел Хемпстед, Дејв Бигинс.