ФРОДЕМ ја враќа идејата ОН да ја признае Македонија под уставно име


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Здружението ФРОДЕМ преку професорот Игор Јанев јавно побара од претседателот Иванов и премиерот Јанев да поднесат иницијатива до Обединетите нации за признавање на уставното име на Република Македонија преку соодветна резолуција. Ова е постара идеја која долго време циркулира, но таков потег никогаш не бил преземен од македонската дипломатија бидејќи е многу ризичен и не значи дека дури и да успее би донел решение на спорот со Грција.

„Почитуван Претседателе на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, почитуван Претседател на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев, почитувани министри во Владата на Република Македонија. Соочени со сé поголемиот притисок за промена на нашето уставно име, како и непринципиелните и навредливи ставови и предлози кои доаѓаат од претставници на парламентарните политички партии во Република Грција, јавно се обраќаме до Вас со замолница да ја поднесете подготвената Нацт Резолуција од наша страна, до Генералното Собрание на ОН. Повеќе сме од сигурни дека наведените аргументи и факти се на наша страна и дека членките на Генералното Собрание на ОН ќе ја донесат вистинската одлука во интерес на правдата и вистината“, пишуваат од ФРОДЕМ во писмото до Владата и до претседателот.

Македонија сака членство во ЕУ и НАТО каде Грција има право на вето и одлуките за прием на нови членки мора да се носат едногласно.