Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Над 200 фризери, бербери и козметичари од цела Македонија, поделени во 12 групи, вечерва учествуваа на манифестацијата насловена како „Prilep Special show“, која се одржа во ноќниот клуб ВИП. Настанот, кој беше вистински спектакл, се организира за прв пат во Македонија, а организатор е секцијата на фризери, бербери и козметичари од Прилеп. Настанот го отвори градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој истакна дека Прилеп е авангарден град, а доказ за тоа биле овие млади луѓе кои што денеска го организираа овој несекојдневен спектакл.
„Тука имаме претставници на фризери бербери и козметичари од цела Македонија, што дава уште поголемо значење на овој спектакуларен настан. Се надевам дека ова ќе продолжи и во иднина и дека во наредните години ќе имаме гости и од странство. Ова шоу кое самостојно го организираа овие млади ентузијасти е за голем почит и за поздравување. Јас како градоначалник секогаш ќе им излезам во пресрет и секогаш ќе добиваат од мене максимална поддршка за своите проекти“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.
„Идејата е оваа манифестација во иднина да прерасне во едно балканско, а можеби и европско шоу. Со помош од сите страни ветуваме дека ова ќе остане традиција. Нашиот еснаф денеска чука со едно срце во центарот на Прилеп. Ова е настан кој за прв пат случува во Македонија и на кој има над 200 учесници. Темата на ова шоу е „All around the world“ и секоја група ќе се претстави со по една светска метропола“, истакна Крешимир Здравески, дел од организаторите на настанот.
Учесниците беа возбудени што се дел од една ваква манифестација која што за прв пат се организира кај нас. Секоја од групите имаше навистина специфичен и уникатен настап.
„Ние сме од Струга ќе го претставуваме нашиот град, браќата Миладиновци, струшките вечери на поезијата, лебедите, старата архитектура, како струшките моми оделе на вода со стомна и слично“, велат учесниците од Струга.
„Ние сме групата од Велес составена од 5 колеги и 5 колешки, ќе го претставуваме Лас Вегас и секој од нас има своја креација“, рекоа учесниците од Велес.
„Ние доаѓаме од Тетово и ќе го претставуваме Мексико Сити. Дадовме се од себе за овој настап, ја употребивме целата наша креативност и најважно од се е што ќе се забавуваме и ќе учествуваме“, истакнаа учесниците од Тетово.
„Ние сме групата оде Кичево ја претставуваме светската метропола Њујорк, 5 колешки со 9 модели, најнови трендови употребувавме за оваа креација и се подготвувавме навистина долго време. Како и сите и ние се надеваме дека ќе го овоиме првото место. Ова шоу е прекрасно и би требало да има повеќе вакви манифестации во Македонија“, потенцираа гостите од Кичево.
Најдобрите креации добија награди, a по завршувањето на шоуто следуваше забава за сите учесници.