Фрчкоски избор на Владата за нов амбасадор на Македонија во САД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот министер за внатрешни и за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, е владиниот избор за иден амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што се дознава, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД, пренесува Независен.

Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски. Пречка беше несоработката со екс-претседателот Ѓорге Иванов, изборите, како и блокадите на амбасадорите во парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Испразнета е и амбасадата на Македонија во Москва за каде што се подготвува да замине Ненад Колев, дипломат од МНР. Со овие именувања ќе се пополнат најважните испразнети амбасади на Македонија, освен таа во Обединетите нации и амбасадата во Брисел, Белгија, каде што требаше да замине Игор Поповски, но поради семејни проблеми, по сѐ изгледа испаѓа од комбинација.