Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со објава на неговиот Фејсбук профил, Сефер Цаноски откри дека професорот Љубомир Фрчкоски е новиот декан на Правниот факултет на приватниот универзитет ФОН.
Студентите на Универзитетот ФОН во новиот семестар со нов професор и нов декан на Правно – Политички науки – ПРОФ. Др. ЉУБОМИР Фрчковски.
Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.
Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март.
Нека е среќно и многу успеси !