Актуелно

Фрчкоски: БЕСА го негира македонскиот идентитет – тоа е скандал и безобразлук

Се бара техничка формулација за државјанството, што би била прифатлива и за БЕСА. Партијата се закани дека нема да гласа за уставните измени доколку во делот на државјанството не се избрише терминот „македонско“, тврди премиерот Заев за натегањата и преговорите со БЕСА за поддршка на уставните измени.

За професорот Љубомир Фрчковски, ова е една од главните придобивки на Договорот која нема шанси да не се урне, доколку се усвои амандманот на БЕСА. Негирањето на терминот „македонски“, според Фрчковски не е наивна работа, објави Телма.

„Негирањето на етничкиот термин „македонски“, доаѓа од делот на Албанците од БЕСА. Тоа скандал и безобразлук и напад на идентитетот на Македонците. Терминот „македонски“ е една од главните придобивки на Преспанскиот договор, вели Фрчковски.

Најпопуларно

To Top