Фрчкоска се појави на судење за „Рекет“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившата специјална обвинителка и шефица на СЈО, Катица Јанева, нема принудно да добие правен застапник и бранител по службена должност бидејќи на денешното судско рочиште за „Рекет“ се појави еден од нејзините двајца адвокати, Ирена Фрчкоска. На денешното рочиште во својство на сведок е повикана обвинителката Лиле Стефанова.

Откако на претходните две судски рочишта за „Рекет“ адвокатскиот тим на Јанева, Фрчкоска и Дељо Кадиев, поради здравствени причини не се појави во судницата, судот предупреди дека ако овој понеделник барем еден од нив не дојде на судење, Јанева ќе добие бранител по службена должност.

Кадиев беше хоспитализиран, а Фрчкоска исто така до судот бараше одлагање бидејќи е болна за што испратила и медицинска документација. Поради нивно отсуство и одложувањето на рочиштата, судијката во „Рекет“, Васка Николовска – Масевска, во четвртокот најави дека ќе бара од претседателот на судот да се одреди адвокат по службена должност.