Фрчеа воспитни од Клер Дали за лицемерието во Европскиот парламент – говор кој мора да го чуете (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ирската европарламентарка од Даблин, Клер Дали, ги потсети во Европскиот парламент на жртвите во Авганистан. Зошто пет милиони кои се соочуват со смрт од глас и невидениот пораст на продадени деца се наважни дури и да бидат споменати во парламентот? Само затоа што таа земја реши да ја пљачка американски, а не руски деспот?

„Без сомневање, живееме во времиња на катастрофални кризи кога животите на невини цивили се жртвуваат за господарите на војната.

Да, во Украина, но е само таму!

Од последната наша пленарна седница, десетици илјади Авганистанци мораа да избегаат во потрага по храна и безбедност. Пет милиони деца се соочуваат со глад, односно со агонизирачка и болна смрт. 500% е пораснат бројот на детски бракови и продадени деца, за да можат да преживеат.

И да потсетиме ли, ни овде, ни никаде, нема целодневни тв известувања, нема итна хуманитарна реакција, нема специјални пленарни седници, нема авганистанска делегација, нема изјави…

Побогу, тие луѓе мора да се прашуваат зошто нивната хуманитарна катастрофа е толку небитна? Дали заради бојата на нивната кожа, дали затоа што не се бели, дека не се европејци?

Или пак затоа што нивниот проблем доаѓа од американското оружје и американската инвазија? Затоа што одлуката таа земја да биде ограбена ја донесе американски деспотски прететдател, а не руски?

Побогу, сите војни се зло и сите жртви заслужуваат поддршка, но додека тоа сите не го разбереме, ние овде немаме ама баш никаков кредибилитет.“

Клер Дали