Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Седум бивши вработени во личната империја на Ким Кардашијан ја тужат „старлетата“ поради лоши услови за работа.
Имено, нејзиниот поранешен персонал и градинари кои работеле во вилата вредна 60 милиони долари во Хиден Хилс ја обвинија Ким за лошо однесување кон работниците.
Ким се соочува со нов скандал затоа што некои вработени бараат правда поради, како што тврдат, лошите услови за работа. Незадоволниот персонал барал исплата на пари затоа што со години трпеле неразумно однесување од Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест.
Според тужбата поднесена во Лос Анџелес, поранешните работници тврдат дека Кардашијан доцнела со платата, за себе задржувала 10% од платата за данок, одбивал да им плаќа прекувремена работа, а понекогаш ги принудувал да работат без пауза.
Исто така, 16-годишник открил дека работел 48 часа во континуитет без одмор, со што се прекршени повеќе закони.
ПР службата на Ким Кардашијан објави:
„Овие работници беа ангажирани и платени преку независна агенција која Ким ја ангажираше за да обезбеди тековни услуги. Ким не е страна во договорот меѓу агенцијата и нејзините вработени, па затоа не е одговорна за начинот на кој агенцијата управува со нивниот бизнис и за договорите што ги склучиле директно со нивниот персонал “, велат од ПР службата.