Славни

Французите откриваат: Шумахер бил пренесен во болница во Париз!

Стигнуваат нови информации за состојбата на Михаел Шумахер.

Шумахер како што е познато пред шест години доживеа несреќа кога при скијањето на француските Алпи паднал и удрил во камен. Од тој момент за неговата состојба не се знае многу.

Познато беше дека престојува во Женава каде што е под потсојан надзорн докторите. Според она што како шпекулации се појавуваше во јавноста, Шумахер бил целосно неподвижен, меѓутоа никој негов близок не зборуваше јавно за состојбата на легендарниот возач.

Сега „Ле Паризиен“ стигнува до информации и тврди дека Шумахер бил пренесен во болница во Париз.

Во текстот се пишува дека Шумахер бил донесен со возило со женевски регистарски таблички. Наводно Шуми имал проблем со кардиоваскуларниот систем, но повеќе информации не се откриваат.

Покрај легендарниот возач одело силно обезбедување, а тој бил прекриен со темно симна прекривка да не се види неговото лице и тело.

Advertisements
To Top