Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клучни точки и елементи од француско-германскиот предлог кој е на маса во официјални Белград и Приштина се еднакви права за Србија и Косово, почитување на територијалниот интегритет и неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово.
Можноста за меѓусебно признавање или членство на Косово во ОН, за што јавно се залагаат косовските политичари, не се споменува во документот до кој РСЕ имале пристап.
Извори во Брисел и клучните европски метрополи ја потврдија автентичноста на текстот до кој РСЕ има пристап, пренесе Бета. Од крајот на летото, кога им беше предаденовој предлог служи како основа за дискусии на лидерските средби како дел од дијалогот за нормализација на односите.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан, на новинарите им потврди дека Косово и Србија добиле ажурирана верзија на тој предлог.
Изворите на РСЕ велат дека иако новата верзија содржи промени, тие не се фундаментални и дека клучните елементи од главниот план остануваат исти.
Познат како француско-германски предлог, овој документ се нарекува – „Предлог на Европската Унија поддржан од Франција, Германија и САД“.
Предлогот со кој располагаат страните има десет точки и се смета за начелен договор, што го отвора патот за продолжување на дијалогот и по евентуалното постигнување договор и за нови договори кои би произлегле од овој документ.
Во текстот се наведува дека страните меѓусебно ќе развиваат добрососедски односи врз основа на еднакви права, а предвидено е и признавање на државните симболи, јави РСЕ.
„Двете страни меѓусебно ќе ги признаат нивните соодветни документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“, се вели во предлогот.
Се додава дека двете страни ќе се раководат од целите и принципите наведени во Повелбата на ОН, особено оние за суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија и територијален интегритет, правото на самоопределување, заштита на човекови права и недискриминација.
Текстот на предлогот предвидува двете страни да појдат од претпоставката дека ниту една од нив не може да ја претставува другата во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име.
Експлицитно се вели дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација. Еден од членовите на предлогот предвидува можни решенија за статусот на српската заедница на Косово.
Не се споменува експлицитно Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово.
„Двете страни се обврзуваат да воспостават посебни аранжмани и гаранции во согласност со релевантните инструменти на Советот на Европа и потпирајќи се на постоечките европски искуства со цел да се обезбеди соодветно ниво на самоуправа за српската заедница на Косово и способност за обезбедување услуги во одредени области, вклучувајќи ја и можноста за финансиска поддршка на Србија и директен канал на комуникација меѓу српската заедница и владата на Косово“, се додава во предлогот.