Француските дефанзивци на излезна врата од „Камп Ноу“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Голема е веројатноста Барселона ова лето да се раздели со двајцата француски дефанзивци Лукас Дињ и Самуел Умтити, пренесуваат каталонските медиуми.

Левиот бек Лукас Дињ не е во плановите на тренерот Валверде и Барселона веќе му ја отвори излезната врата, а медиумите тврдат дека неговиот агент веќе му го понудил на Јувентус.

24-годишниот Французин пристигна на „Камп Ноу“ од ПСЖ во 2016 година за 16,5 милиони евра, а оваа сезона одигра 19 меча на кои постигна 1 гол и запиша 1 асистенција.

Поразлична е ситуацијата со Самуел Умтити, кој има откупна клаузула од 60 милиони евра и одбива да го продолжи договорот со Каталонците. За него силен интерес покажуваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајед кои се спремни да ја платат откупната клаузула.

Споменатите клубови му нудат многу подобри финансиски услови, па Барселона иако ќе направи се за да го задржи, е свесна дека може да го загуби и веќе му бара замена.