Француските богаташи „се наддаваат“: ТОЈ за реновирање на Нотр Дам донира 200 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Богатите Французи започнаа да се „наддаваат“ кои ќе донира повеќе кеш за реновирање на опожарената катердрала Нотр Дам во Париз, која е скоро уништена во големиот пожар кој дури вчера утрото беше целосно изгаснат.

Семејството на францускиот милијардер Бернар Арно и неговата компанија за производство на луксузна роба LBMH ќе донира 200 милиони евра за обнова на изгорената катедрала, е наведено во соопштението од семејството Арно.

„Семејството Арно и групата LBMH сакаат да ја покажат својата солидарност во ова време на национална трагедија и да се придружат во давањето помош за обнова на оваа извонредната катедрала, која е симбол на Франција, нејзиното наследство и француското единство, е наведено во соопштението.

Претходно францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, познат и како сопруг на актерката Селма Хајек соопшти дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам.

„Мојот татко и јас одлучивме да изводиме 100 милиони евра и учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам“, соопшти Пино.

Сопругот на холивудската актерка Салма Хајек, Пино е првиот човек на компанијата Керинг, која е сопственик на брендовите како Гучи и Сен Лорен.