„Францускиот Спајдермен“ ја искачи Херон Тауер во Лондон – на врвот го чекаше изненадување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот адреналински зависник Ален Робер, познат како „францускиот Спајдермен“, без дополнителна заштитна опрема и јаже за обезбедување, ја искачи Херон Тауер, 230 метри високата лондонска зграда.

А кога пристигна на врвот, таму го чекаа полицајци кои веднаш го уапсија поради неговиот потфат.

На 56-годишниот Французин му беше потребен еден час за да ја искачи зградата, а подвигот го следеа стотици минувачи, кои беа држани од полицијата на сигурна оддалеченост од зградата.

Тој на врвот на зградата е упасен поради нарушување на јавниот мир и во моментов е во притвор. „Инцидентот предизвика големо пореметување на секојдневнието во лондонсиот Сити , но донесе и голем ризик за луѓето внатре во зградата” , изјави портпаролката на полицијата, Карен Бакстер.

Робер почнал да се искачува по згради на 11-годишна возраст и од тогаш се качил без никаква заштита на над 150 облакодери низ целиот свет, меѓу кои и на највисокиот, Бурж Калифа, потоа на Ајфеловата кула и на операта во Сиднеј.