Актуелно

Францускиот „полицаец“ за лични податоци го казни Google со 50 милиони евра

Со пресуда од страна на Француската агенција за заштита на личните податоци, американскиот и светски интернет гигант Google е принуден да исплати рекордна сума како казна од 50 милиони евра. Причината за оваа казна која треба да ја плати Google е пропуст во заштитата на личните податоци на корисниците.

Државната комисија за информатика и слободи (ЦНИЛ), францускиот „полицаец“ за лични податоци, е првото европско регулаторно рело кое ја санкционираше големата меѓународна интернет платформа врз основа на новиот европски закон за заштита на личните податоци (ГДПР), кој стапи на сила на 25 мај.

Овој нов текст овозможува одредување казна во вредност од 4 отсто од годишниот промет на светско ниво за непочитување на обврската за заштита на личните податоци на европските граѓани.

ЦНИЛ во својата истрага ги извршил чекорите кои мора да ги преземе нов корисник на паметен телефон си андроид (оперативниот систем за смартфони на Гугл) за да отвори сметка на Гугл и да го користи уредот.

„Не негираме дека Гугл го информира“ корисникот кој отвора сметка за начинот на кој ќе се користат неговите податоци, изјави за Франс прес Матијас Молен, директор за заштита на правата и за санкции во агенцијата. „Но, таа информација не е лесно достапна, таа е расфрлана во разни документи кои интернет корисникот никогаш нема време да ги чита“.

„Понекогаш се потребни и до пет клика за да се дојде до информацијата“, додаде тој, оценувајќи дека на крајот Гугл не дава „јасна и разбирлива“ информација.

Одлуката за казната доаѓа по две одвоени тужби кои против Гугл ги поднесоа две здруженија за заштита на интернет корисниците. Евентуалната жалба на пресудата Гугл треба да ја поднесе во Државниот совет, највисокиот управен суд во Франција.

Advertisements
To Top