Home Мода и убавина Француски шик: 10 пругасти маички што го освојуваат модниот свет

Француски шик: 10 пругасти маички што го освојуваат модниот свет

Француски шик: 10 пругести маици кои го освојуваат модниот свет

Пругестата маица триумфално се враќа меѓу пролетните модни фаворити, повторно потврдувајќи ја својата безвременска елеганција и неодолив параиски стил.

Препознатливиот пругест дезен – било во класичен морнарскo сино-бел контраст, или во разиграни и освежувачки нијанси – со децении претставува симбол на непретенциозна софистицираност и самоуверена елеганција.

Модна приказна што мириса на море и легенда

Историјата на морнарската маица започнува во 1917 година, кога легендарната Габриел „Коко“ Шанел, за време на одмор во едно мало француско приморско гратче со својот партнер Бој Капел, инспирацијата ја наоѓа во едноставноста: локален рибар облечен во широка пругеста блуза и панталони врзани со јаже го разбудува модниот инстинкт во неа кој ќе го промени лицето на женската облека.

Шанел ја внесува морнарската маица во женската мода, додавајќи ѝ златни метални копчиња, префинети кроеви и силуета што плени, инспирирана од униформите на француската морнарица. Од овој момент, морнарската маица станува модна икона.

Ја носеле стилски легенди како Одри Хепберн, Брижит Бардо, Џин Сиберг, Еди Сеџвик па дури и Пабло Пикасо, додека ја прифатија со грација и дамите од синото крвно потекло – од принцезата Дајана, преку Кејт Мидлтон до Меган Маркл.

Големото враќање

Оваа година, морнарската блуза е повторно во центарот на вниманието посилно од кога било досега. Од модните писти на најголемите светски брендови до уличната мода на метрополите, таа ја докажува својата универзалност и шик статус во секој модерен гардеробер.

Денес ја гледаме во разни кроеви и палети – од традиционални сини пруги, до модерни интерпретации во црвена, зелена, пастелно розова или боја на нане. Се комбинира со класични фармерки и патики за лежерен изглед, но и со елегантни панталони, блејзери и мокасинки за пософистицирани, работни комбинации.

Стилизација à la française

Додадете црвен акцент – во форма на кармин, чанта или свилена марама – за да му дадете дополнителен француски шарм на вашиот „нејви“ изглед. Не се двоумете да ја споите со плетени рафија чанти, кожени crossbody модели или дури и со скроени бермуди за првите пролетни попладниња исполнети со сонце и стил.

Вашата пролетна карта за ривиера стил

Во продолжение ви претставуваме 10 најубави, со големо внимание одбрани морнарски маици од домашната и светската модна сцена – идеални за сите дами кои сакаат да внесат доза од Француската ривиера во својот секојдневен стил и да заблескаат во изглед што зрачи со префинетост, слобода и уметничка лежерност.

Ако размислувате оваа пролет да си набавите пругеста маица, погледнете ги нашите предлози во галеријата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Вирален цветен комплет од Зара: италијански шик што го освои ТикТок и модните ентузијастки

ВИРАЛНИОТ ЦВЕТЕН СЕТ ОД ЗАРА: ИТАЛИЈАНСКИ ШИК КОЈ ГО ОСВОИ ТИКТОК И МОДНИТЕ ЉУБИТЕЛКИ Ако …