Франција забрани возење на автомобили: Ригорозни мерки по заканата од максимална загаденост на воздухот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три француски градови, Париз, Стразбур и Лион, забранија возење на автомобили кои најмногу го загадуваат воздухот, а таа мерка е воведена поради порастот на нивото на загадување по моменталниот тополотен бран кој ја погоди Европа.

Во Париз и Стразбур забраната се однесува на возила стари 12 години и повеќе, додека во Лион возењето е дозволено само за еколошките автомобили, со налепница „чист водух“, пренесува АП.

Властите предупредија денес дека нивото на загаденост може да го достигне својот врв поради високите температури, што ќе предизвика надразнетост на очите, болка во грлото и проблеми со дишењето.

Поради високите температури, во Франција веќе привремено се затворени четири нуклеарни реактори.

Се очекува дека браност во таа земја ќе потрае до четврток, а максималните температури се прогнозирани за утре.