Франција вреди 730 милиони евра повеќе од Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од 17:00 часот се игра големото финале на Мундијалот помеѓу селекциите на Франција и Хрватска.

Јасно е фаворити се Французите и според квалитетот и според ситуацијата во која Хрватите одиграа три натпревари по 120 минути и поради тоа избраниците на Дидиер Дешам се сметаат за по одморени.

Доколку Хрватска слави над Франција во големото финале би станала втората најамала држава која триумфирала на еден Мундијал, после Уругвај. Хрватска брои нешто повеќе од четири милиони жители.

Французите се најскапата репрезентацијата на Мундијалот и единствена чија вредност надминува над 1 милијарда и 80 милиони евра, за разлика од нив Хрватите вредат околу 350 милиони евра. Разликата е огромни 730 милиони евра.

Трите најголеми ѕвезди на „триколорите“ (Мбапе 120 милиони, Гризман, 100 милиони и Погба 90 милиони), вредат скоро колку целиот тим на Далиќ,

Најскап во хрватската селекција е Иван Перишиќ кој има вредност од 50 милиони евра, потоа следат Ковачиќ со 30, а изненадување е што капитенот Модриќ се проценува на 25 милиони евра, но тоа сигурно е само поради годините.

Бројките за вредностите на фудбалерите се според специјализираниот сајт „Трансфермаркт“.