Франција со понуда за специјално партнерство до некои земји од Балканот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Франција веќе има некаква посебна, специјална понуда за некои од земјите од Западен Балкан во вид на специјално партнерство наместо полноправно членство во Европската Унија.

Според овој предлог, на земјите од западен Балкан би им била понудена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности во замена за тивко откажување од полноправно членство.

Како што пишуваат странски медиуми, Франција се наоѓа под притисок од европските партнери на европскиот самит во март идната година да отстапи од својот тврдокорен став и да им одобри на Македонија и Албанија да започнат преговори, а сите преостанати проблеми потоа да се решаваат во текот на отворањето на пристапните преговори. Се пишува, исто така, дека изборите во Македонија токму од таа причина се закажани за април, за да се види дали ЕУ сепак во март ќе одобри продолжување на пристапниот процес.

На мартовскиот самит би требало да се зборува и за БиХ, под услов до тогаш да се формира власт и да се започнат конкретни чекори за имплементација на препораката од Европската комисија, кои се изречени во Мислењето за кандидатурата на БиХ и Аналитичкиот извештај од мај оваа година.

Потсетуваме, слична понуда Германија пред десетина година и дала на Турција, ветувајќи и привилегирано партнерство наместо членство, но тоа сега е сфатено како елегантен начин за откажување од примање на Турција во ЕУ.

Инаку, европските медиуми се полни со критики кон Франција, обвинувајќи ја дека со откажувањето за проширување, западен Балкан се турка во рацете на Русија, Турција и Кина.

За Заев идејата на Макрон е неприфатлива

„Нема да прифатиме друга дебата, како на пример за стратешко партнерство, а не за членство. За нашата земја не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ”, рекол Заев во интервју за Alsat M и објаснил зошто не е прифатлива идејата на Макрон.

„Ние ќе минеме сигурно седум до осум години во преговори по поглавјата. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако ќе се реформираме одвнатре, а во тоа ќе помогне и пристапниот процес и затворањето на поглавјето”, рекол тој.