Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Француската премиерка Елизабет Борн, ја објави одлуката за мобилизирање на работниците во магацините за гориво во француската филијала на „Ексон-Мобил“ „Есо“ и се закани дека ќе ги мобилизира работниците на „Тотал груп“ поради штрајковите кои доведоа до целосен недостиг на бензините на пумпите низ државата.
Оваа драстична мерка е донесена затоа што возачите последните денови чекаат во долги редици за да ги наполнат резервоарите за автомобили, бензинските пумпи се затворени затоа што чекаат испораки, а дистрибутерите штрајкуваат. Мобилизацијата им овозможува на властите да им наредат на работниците од магацините за гас погодени од штрајкот, да се вратат на работа. Слична мерка беше воведена во 2010 година за време на штрајковите во француските рафинерии.
Борн во Парламентот на Франција изјави дека има привремен недостиг од најмалку еден или повеќе видови гориво во околу 30 отсто од француските бензински пумпи. Најпогодени се областите на Париз и северна Франција.
Додека штрајкувачите бараат повисоки плати во услови на висока инфлација, Борн повика на итен дијалог со синдикатите и директорите на нафтените компании. „Несогласувањата околу платите не оправдуваат блокада на земјата“, рече таа.
Ситуацијата ја влошува фактот што има граѓани кои во паника купуваат гориво, загрижени дека пумпите може целосно да останат без бензин, не верувајќи им на надлежните кои ги повикуваат возачите да не се грижат.
На пумпите што работат луѓето стануваат се понервозни. Некои се обидуваат да ја прескокнат редицата, а други се обидуваат да наполнат канистри со гориво иако тоа е забрането.