Франција и Англија закажаа четвртфинале на Светското првенство во Катар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Репрезентацијата на Франција лесно се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во Катар откако денес ја совлада Полска со 3:1.

Од првите минути Франција беше подобрата репрезентација. Првата голема прилика ја имаше Жиру после половина час игра. Ако тогаш не погоди, Жиру погоди во 43. минута. Со тој гол напаѓачот на Милан стана најдобриот стрелец на Франција на сите времиња.

Уште повеќе доминираше Франција во второто полувреме, а на сцена стапи и Килијан Мбапе. Голгетерот на ПСЖ со два гола во 74. минута 91. минута го реши прашањето на победникот.

Треба се спомене дека тоа беа осмиот и деветиот гол на Мбапе на Светските првенства со што стана најмладиот фудбалер во историјата кој стигнал до таа бројка на голови.

Почесниот гол за Полска го постигна Роберт Левандовски од пенал во последните секунди.

Репрезентацијата на Англија лесно се справи со Сенегал и славеше победа од 3:0.

Сенегал опасна репрезентација беше само во првиот половина час кога ги создаде најдобрите прилики на натпреварот. Кога не ги искористија шансите стигна казната преку Хендерсон во 38. минута.

Англија во завршницата од првото полувреме стигна и до 2:0, а стрелец на голот беше Кејн. Сенегал во второто полувреме воопшто и не се закани. За конечни 3:0 се погрижи Сака во 57. минута.

Четвртфиналето помеѓу Англија и Франција се игра на 10-ти декември.