Франц Кил отвора фабрика во тетовско, државата не открива колкави субвенции земаат странските инвеститори


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Германската компанија Франц Кил отвора нова фабрика во тетовско. Ќе произведува седишта за автобуската и железничката индустрија. Со работа планира да започне од први јуни во постоечки објект во Желино, тетовскиот регион, најави извршниот директор на компанијата.

Инвестицијата тежи од 6 до 7 милиони евра, а со неа треба да се отворат нови 350 работни места. Само во првата фаза ќе бидат вработени 60 луѓе. Компанијата најпрво ќе произведува седишта за автобуси за потребите на белгиската компанија Ван хол која веќе работи во Македонија. Оттаму потенцираат дека одлучиле да инвестираат во државата поради стабилноста во индустријата и едукацијата на кадарот кој според нив се основа за успех на компанијата.

Плановите се производството да се пласира во Европа, Азија, Америка и  на други светски пазари.

Субвенциите за странските инвеститори преку дискренционите договори, остануваат тајна за јавноста, но првиот човек на дирекцијата за слободни зони, вели, податоците биле транспартентни.

Буџетите на оние кои се даватели на прва помош, транспарентно ги даваат бројките кои се оделуваат од страна на различните институции кои се даватели за оваа намена, вели Виктор Мизо..

Во недостиг на официјални податоци, истражувачката мрежа БИРН објави истражување според кое од најавените 138, реализирани се само 51 инвестиција. Директорот на зоните вели дека истражувањата кои се појавија не се точни.

Пред 10 дена имавме состанок со нив и увидовме дискрапнци во нивната анализа што претставува инвестиција, вели Виктор Мизо.

Од друга страна, истражувачите на БИРН велат дека странските инвеститори ги потврдиле наодите од нивното истражување.

На таа средба од страна на претставниците на странските инвеститори, нашите податоци не беа оспорени, туку еден од најголемите инвеститори кај нас, ни потврди дека податоци кои нашата база ги објавува се идентични со нивните, вели Тамара Чаусидис,  уредник на БИРН.