Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Мегаломанските автомобилски саеми се концепт кој ја доживува својата криза и веќе падна и првата жртва од нив и тоа токму во земјата која ја има една од најмоќните автомобилски индустрии во светот – Германија. Саемот за автомобили во Франкфурт оди во историјата, откако беше објавено дека ќе биде укинат и веќе во 2021 година нема да се одржи.
Застарениот концепт на изложување автомобили преку саеми има се помал интерес кај публиката, а со тоа и за изложувачите, а исто така е и растечкиот број производители кои ги прескокнуваат одделните изложбени салони. Дури и најголемите не се имуни на тоа. Прва капитална жртва на оваа состојба е познатиот Саем за автомобили во Франкфурт за кој е најавено дека се укинува и заминува во историјата..
Германскиот ВДА (Verband der Automobilindustrie) објави дека Франкфурт нема да биде домаќин на саемот во 2021 година. Наместо тоа, VDA во моментов бара нови можни локации што можат да го спасат саемот.
Во моментов се споменуваат три, и тоа Берлин, Минхен и Хамбург. Досега, седум германски градови изразија интерес за организацијата и ги предложија своите манифестациски концепти. Покрај трите финалисти споменати погоре, интерес изразија и Келн, Штутгарт, и Хановер.
Франкфурт, инаку е домаќин на саемот веќе седум децении, со најголема посетеност во 2015 година кога го видоа скоро еден милион луѓе. Сепак, од тогаш постои постојан пад на интересот, па така минатата година, и покрај многуте нови случувања, на саемот беа забележани само 550.000 посетители.