Фраерот кој „им го плесна во лице“ на моќниците во Давос – баталете филантропија, камо даноци?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рутгер Брегман е млад холандски историчар и економист кој, на своето прво искуство како учесник на Светскиот економски форум во Давос, немаше проблем на сите милијардери и моќници кои се претараа таму овој период, да им го плесне во лице фактот дека се лицемерни.

На една панел дискусија за нееднаквоста, тој на интересен начин го опиша неговото искуство на тој самит: „Никој овде не го задира вистинското прашање и проблем – избегнувањето на плаќање даноци од милијардерите. Ситуацијава овде ми личи како да сме на конференција за пожарникари, ама никому не му е дозволено да зборува за вода“.

„Единствената панел дискусија на која се погоди поентата и се зборуваше за таа тема беше избегната од медиумите“, додаде Брегман. „Престанете да зборувате за филантропија и почнете да зборувате за даноци“, беше една од неговите поенти со кои тој им порача на милијардерите дека треба да почнат поштено да си ги плаќаат високите даноци сразмерно на нивните богатства, а не да ги избегнуваат тие давачки.

Еве подолга верзија од панел дискусијата на која учествуваше Брегман.