Актуелно

Фраерите од Куба со тони рум сакаат да исплатат долг од 276 милиони долари

Куба на Чесите им даде сосема непристоен предлог да им го исплати мултимилионскиот долг кој го има кон нивната држава од 276 милиони долари во натура. Поточно, со рум.

Од чешкото министерство за финансии изјавија дека Кубанците ја понудиле оваа опција за време на скорешните преговори кои ги имаа со Чешка на оваа тема.

Куба им борчи на чешките власти 276 милиони долари, и ако Чешка ја прифати исплатата во натура од Кубанците, Чесите ќе имаат залиха од рум за векови однапред. Сепак, Прага посочи дека преферира парите, или барем дел од нив, да ги добие во кеш.

Долговите на Хавана датираат од времето на Студентата војна, кога Куба и она што тогаш беше Чехословачка, беа дел од комунистичкиот блок.

Куба сега нема толку пари, но има огромни залихи на рум, а чешкиот министер за финансии рече дека исплатата би можела да биде во рум или во фармацевтски производи и лекови. Но, кубанските лекови немаат сертификат од ЕУ, па таа варијанта отпаѓа од старт.

Advertisements
To Top