Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рускиот музеј Ермитаж го избра мачорот Ахил да ги предвидува резултатите на меѓународните фудбалски турнири во Купот на Конфедерациите.
На мачорот Ахил ќе му бидат понудени два садови со имиња на учесниците, а тој треба да одбере еден.
Белиот мачор со сини очи стар една и пол година, беше претставен на конференцијата за новинари од рускиот фудбалер Александар Кержаков.
Во Емритраж живеат мачки уште од 18 век која Катерина Велика ги постави за чувари на сликите во галеријата.
Славниот музеј е дом на 50 мачки кои живеат во подрумот на Ермитраж.
Купот на конфедерациите почнува во сабота, како увод во Светското првенство кое ќе се одржи во Русија во 2018 година.