Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога Мајк Бојд одлучи да ја запроси својата девојка, почнал интензивно да бара веренички прстен и тогаш наишол на проблем бидејќи не можел да го најде „оној вистинскиот“, поточно таков каков што сакал да биде тој. Тогаш дошол на идеја да направи нешто неконвенционално и сам да изработи прстен за својата девојка.
Со оглед на тоа дека не знаел како да го направи истиот, посетувал неколку часови за правење накит.
„Сакам да направам прстен, дали е тоа можно“, ја прашал дизајнерката за накит Скарлет Ерскин која му одржала часови за изработка на истиот и му покажала како се прави прстен. Наученото фраерот го применил во пракса и сам изработил дијамантски веренички прстен за својата идна сопруга. За тоа му биле потребни 6 часа и 16 минути. Нормално, типката кажала ДА.