Фраер и на 82 години: Мастер Тони ја освои и модната писта


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Тони-манијата“ на голема врата го „тресе“ балканот, а дедото кој почнувајќи со својата изјава за „непостоењето на грипот“ ги освои овие простори, деновиве ги живее својот медиумски зенит и популарност.

82-годишниот Тони Селмани последно беше дел и од модната ревија која се одржа на Саемот за венчавки во Загре , каде се појави во друштво со бројни познати Хрвати.

Дедото Тони се однесуваше како професионалец на ревијата, која имаше хуманитарен карактер. Иако има 82 години, Тони се прошета по пистата како да е барем педесетина години помлад , пишуваат хрватските медиуми.