Фотозамките во НП „Маврово“ фотографираа рис и волк


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фотозамките кои во соработка меѓу Националниот парк „Маврово“ и Македонското еколошко друштво се поставени на територијата на паркот, „уловија“ неколку интересни животински примероци, меѓу кои највозбудливи се фотките на балкански рис и на волк.

Фотографија од рисот е направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво.

Меѓу фотографиите од убавините во Националниот парк „Маврово“ на кои се гледаат преубави животни, вчера беше објавена и снимка од волк. Снимката е направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис кој се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво. Овие поставени фотозамки успеаја да направат и снимки од рис, а претходно снимени се и мечки, срни, диви свињи и зајци.

Главната цел на Акцискиот план е да се даде значителен придонес кон заштитата на популацијата на критично загрозениот балкански рис, но освен од овој вид на животно, направени се и фотографии и видеа од други животни, меѓу кои и волк.

Во Националниот парк и неговата потесна околина се среќаваат помеѓу 10 и 18 рисови, со просечна густина од 1,7 риса на 100 км2. Фактот дека популацијата е помала од 50 возрасни единки го сместува балканскиот рис во категоријата на критично загрозен (CR) според еден од критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) и како таков е ставен од 2015 година на Црвената листа на IUCN.