Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фотографијата од импровизиран македонски фудбалски терен, направена во Богородица се најде на официјалниот учебник за Физичко образование за 7-мо одделение во Бразил.
Министерството за образование на Пернамбуко – Бразил, фотографијата ја искористило на 18-та страна од учебникот, притоа со фуснота појасниле дека станува збор за терен во Богородица – Македонија.
„На фотографијата е стадионот во Богородица, фотографиран од мене во зимата 2009-та година“, ни потврди авторот Јован Атанасов.
„Фотографијата се наоѓа на страница 18 (од левата страна)-и истата е наведена во фуснотите на учебникот веднаш до сликата -лево, и на крајот од учебникот(како слика 18а) -каде пишува дека на сликата е стадионот во Богородица, Македонија – во учебникот кој го издава Министерството за образование на Пернамбуко – Бразил. Во темата -„Спорт : Доживување на спортот Фудбал на различни простори(школо,кампови,плажа, квартови), разбирајќи ги неговите специфичности и генералии“, вели Атанасов.
Бразил е лулката на фудбалот и интересно е тоа што ја одбрале баш сликата од Македонија. Пернамбуко е република во Бразил која брои 9 милиони жители и најпознат е градот Ресифе во кој се играа и некој од натпреварите од Светското Првенство.
Притоа, во појаснувањето на фотографиата во фуснотата стои нашето уставно име, Богородица – Република Македонија.