Фотографиите поради кои синот од Бекам го обвинија за расизам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, го заклучи својот Инстаграм профил на кој има 11,5 милиони следбениции експресно ги избриша фотките и објавата поради кои се најде на удар од критики на јавноста.

Сè почна кога младиот Бруклин отпатува во Италија, и според тврдењата на многумина Твитер корисници, покажал дека е расист.

„Никаде не е како во Италија, нели?“, напиша во описот на двете фотографии кои ги објави, а на кои има фотографирано азиски туристи.

И додека едни се обидоа да му објаснат дека во Италија живеат многу Азијати, други му напоменаа дека туристи во Италија доаѓаат од сите страни на светот. Дополнително, му потенцираа дека и самиот тој е турист во Италија.

„Бруклин е прилично неписмен ако мисли дека ова не е расизам. Треба да им се извини на сите Азијати бидејќи ова е многу грдо“, му порачаа пријателите.

Наместо извинување, Бруклин ги избриша фотките и го заклучи профилот правејќи го приватен, како приватноста да е можна кога имаш над 11 милиони следбеници.