Фотографиите кои испишаа фотографска историја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од макро-приказ на пајак до првата подводна колор фотографија, овие пионерски фотографски кадри испишаа историја на истражувачкиот дух.

Oд првото патување на Северниот пол, до највисоката вертикална фотографија направена од балон за летање, National Geographic ги претставува фотографиите кои испишаа историја во светот на фотографирањето.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii1

Адмиралот Роберт И. Пири го истражува хоризонтот за закотвување за време на неговиот трет обид да стигне на Северниот пол во 1909 година. Успешното истражувачко патување го направи Пири првиот човек кој стапна на овој дел од светот.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii2

Дејвид Ферчајлд користеше 3,7 метри долг фотоапарат наречен „Долгиот Том“ (Long Tom) за да го фотографира во макро-план калифорнискиот волчји пајак за неговата статија за National Geographic во 1913 година.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii3

„Подморските чуда“ на Вилијамсон (Undersea Wonders) ја вклучуваа и актерката Лулу МекГрат за немиот филм од 1922 година наречен Wonders of the Sea.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii4

Оваа фотографија од 1927 година за статија во National Geographic е дебитантската подводна колор фотографија. Фотографот ја направи со користење на автохром, прв метод на фотографирањето во боја.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii5

Оваа фотографија ја претставува Сфингата од Гиза пред да биде целосно откопана. Откако беше целосно откриена, главниот уредник на National Geographic во тоа време на персоналот им рече да не ја користат оваа фотка повеќе бидејќи веќе била застарена.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii6

Оваа фотографија на Статуата на слободата е дело на Мелвил Б. Гросвенор, а беше објавена во National Geographic статија посветена на првите успешни колор фотографии. Насловот е Up in the air.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii7

Кога National Geographic ја објави фотографијата Where’d You Go, од Јужна Дакота во 1936 година, таа беше највисоката вертикална фотографија направена во тоа време. Беше фотографирана од хелиумскиот балон Explorer II, а ја направи Алберт В. Стивенс.

2-1-nat-geo-revolucionerni-fotografii8

Во 1937 година National Geographic ја објави првата колор фотографија на сончевата еклипса. Дело е на Ирвин С. Гарднер.