Фотограф им покажа на бившите бандити како би изгледале без тетоважи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британскиот фотограф Стивен Бартон ги изненади бившите припадници на разни банди кога дигитално, со помош на Фотошоп, им ги отстрани тетоважите и им ги покажа фотографиите како би изгледале без нивните украсни цртежи на телото.

Бартон вели дека на тој начин сака да стави „човечко лице“ на оние кои се „демонизирани во општеството“. Во проектот вклучи 27 бивши припадници на улични банди.

Повеќето мажи и жени кои учествуваа во овој фотографски проект со децении себеси не се виделе без тетоважи, поради што емотивно реагираа кога Бартон им ги покажа ретушираните фотографии. Открија доста длабоки и шокантни детали од нивните животи, од злоставувања, насилство, зависност и продажба на дрога.

Бартоновата колекција портрети е објавена во книгата Skin Deep.