Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една убава и паметна студентка од Аризона смисли одличен начин како да им се одмазди на безобразните фаци кои и праќаат слики од нивните пениси во приватните пораки на Инстаграм.
Меди Кон на овој потег се реши откако целата работа преминала секаква граница. Имено, некое време сандачето за пораки и било преплавено со слики од пениси. Во полето за биографија напиша: „Ако ми испратиш слика од пенисот, ќе и ја препратам на твојата мајка“.
Меди била трпелива, но еден тип бил посебно упорен и постојано и праќал безобразни слики. Со малку пребарување, открила која му е мајка и на нејзиниот Фејсбук профил и испратила порака со слика од пенисот на нејзиниот син: „Здраво, вас ви е син Рајан… не го познавам, а упорно ми испраќа фотографии од неговиот пенис. Може ли да му кажете да престане да го прави тоа?“
Жената и се извинила и рекла дека сигурно ќе разговара со синот, кој го опишала како добро и пристојно момче.
Па девојки, ако ве замара некој, кажете го на мајка му. 🙂